Замислен и креиран да ја понесе титулата најлуксузен и најсилен „ренџ ровер“ досега, моделот „СВАутобиографи“ е производ на одделот на „Јагуар Ленд ровер“ задолжен за посебни изведби (SVO – Special Vehicle Operations).

Во однос на другите модели од понудата на британската компанија, за „СВАутобиографи“ однадвор е карактеристична сосема новата изведба на предната хромирана маска на ладилникот, новиот карактеристичен натпис на капакот на моторот и редизајнираните завршетоци на издувниот систем. На купувачите им е понудено и двобојно лакирање на каросеријата во девет различни комбинации.

Измените во внатрешноста вклучуваат алуминиумски педали и дрвени детали на аналогните команди што се изработени од алуминиум. За патниците на задните седишта се предвидени помошни детали и уред за разладување храна и пијалаци, кои функционираат со помош на притискање копче.

Со посебно внимание е избрана подлогата на подот, а од алуминиум се изработени дури и закачалките. Подлогата во багажникот може да биде изработена од дрво или од алуминиум. Во посебна преграда се наоѓаат две кожени седишта, кои може да се монтираат на отворената врата од багажниот простор, а најчесто се користат за непречено уживање во природа.
Едицијата „СВАутобиографи“ ќе се нуди со постојните мотори од гамата на „ренџ ровер“, а врвот на понудата, изработена само за овој теренец, е новиот засилен петлитарски бензински мотор со осум цилиндри, кој со помош на механички компресор развива 550 коњски сили и 680 њутн-метри обртен момент. Со тој мотор автомобилот развива до 100 километри на час за 5,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 225 километри на час.

Почетната цена за „ренџ ровер СВАутобиографи“ во Велика Британија е околу 150 илјади фунти, а продажбата почнува налето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


