| четврток, 6 декември 2018 |

Скопска двојка се изгубила на Матка

Вчеравечер околу 19 часот на телефонскиот број 199 се јавило лице од Скопје кое кажало дека додека со неговата свршеница шетале на падините на Водно во еден момент забележале дека ја виделе браната Матка и дека  се изгубиле и побарале помош.

Веднаш на терен бил испратен алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи кој извршил пребарување на теренот од потегот Милениумски крст на Водно кон локалитетот Матка. Откако од страна на припадниците на единицата „Тигри“ беше стапено во телефонски контакт со лицето, истиот ја опишал и неговата околина, по што со давање светлосен сигнал бил воспоставен и визуелен контакт.

Напорите за пронаоѓање на лицата беа успешни, при што тие беа лоцирани околу 01.15 минути во добра општа состојба во близина на манастирот „Св. Никола Шишевски“.

Откако беа пронајдени, тие безбедно беа спуштени до пешачката патека до мостот на кајакарскиот дом „Матка од каде што со возило беа префрлени до нивните домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top