| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ со голем народен собир утре во Прилеп

vmro-dpmne-500
ВМРО-ДПМНЕ го продолжува караванот на големи народни собири. Утре народен собир ќе се одржи во Прилеп во Универзалната сала – Арена „Сонце“ во 13 часот.

-На собирот свое обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а ќе бидат изнесени позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици и ќе бидат испратени јасни пораки за она што се залага и за она што го планира ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период, соопштуват од ОК Прилеп на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top