Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Будва, Црна Гора во пресрет на денешната Конференција на министри за правда и внатрешни работи и партнерите на Брдо процесот и Процесот за соработка во ЈИЕ,оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Република Словенија Весна Гјеркеш Жнидар, на која беше потпишан Договорот меѓу Владите на Република Македонија и Република Словенија за полициска соработка.
Со склучување на Договорот за полициска соработка, двете министерства за внатрешни работи дополнително ја зацврстуваат соработката во однос на спречување на опасност и осигурување јавна безбедност, во поглед на јавниот ред и сообраќајната безбедност. Како што денеска соопшти МВР, соработката дополнително ќе се зацврсти и за спречување, откривање и спроведување на истраги за кривични дела, специфично во полето на организиран криминал, тероризам, трговија со луѓе и нелегална миграција, компјутерски криминал, незаконска трговија со недозволени дроги, психотропни супстанци и прекурсори, како и други кривични дела од меѓународен карактер, особено потврдувајќи ги заедничките заложби за борба против тероризмот во пресрет на денешната Конференција на министрите за правда и внатрешни работи и партнерите на Брдо процесот и Процесот за соработка во ЈИЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре