| четврток, 6 декември 2018 |

Караванот на ДПМ гостува на фестивалот на детското творештво „Ракатки“

Поетскиот караван на Друштвото на писателлите на Македонија денеска (17 април) гостува на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“, кој веќе една деценија се одржува со учество на млади творци од целата земја. На средбата во Домот на хуманитарните организации „Даре Џабаз“ во Скопје, со почеток во 18 часот, ќе настапат писателите за деца: Драгица Најческа, Александар Поповски, Есад Бајрам, Стојан Тарапуза, Косара Гочкова, Александар Кујунџиски, Славка Арсова, Васил Мукаетов, Виолета Танчева Златева, Горан Анчевски и Перо Миленкоски.

На 18 април, во Домот на македонските писатели со почеток во 10 часот, учесниците на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“, ќе имаат разговор со група познати автори во областа на детската литература, членови на ДПМ.

Гостувањето на поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија на Фестивалот на детското литературно творештво е во рамките на кампањата на македонската писателска асоцијација за поддршка на литературата за деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top