Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје, во рамки на проектот „Мобилно 3Д кино“ во салата на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе организира прва дигитална 3Д филмска проекција.
Покрај Скопје, Битола и Кавадарци, отсега и другите градови во Македонија ќе се најдат на мапата на најновите филмски остварувања благодарение на дистрибутерската куќа МЦФ МКД.
Во рамки на проектот е формирана мрежа од киносали низ Македонија во соработка со Центрите за култура од Штип, Прилеп, Охрид, Струга, Дебар, Кичево…
Мобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3Д и 2Д филмски остварувања, како и филмски ревии, фестивали итн.
За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни BARCO 2K дигитални проектори со сервери и DEPTH Q 3D модулатори со 3Д очила, како и DOLBY CP 750 аудиопроцесор со JBL звучници.
Цената на влезниците ќе изнесува 150 денари за 2Д проекции и 200 денари за 3Д проекции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст