| четврток, 6 декември 2018 |

Како Џорџ Сорос со 33 милиони долари ги поттикнувал нередите во Фергусон?

 

SorosFundsFerguson33Million

Зад протестите во Фергусон, во центарот на финансиите стои само еден човек. Тоа е либералниот милијардер Џорџ Сорос, кој има бизнис империја преку океанот – во Европа, градејќи политичка машина овозможена од непрофитни фондации коишто влијаат врз американската политика, како што направи и со организацијата „Мув он“, пишува Вашингтон пост во текстот посветен на масовните протести во малото место Фергусон, кои прераснаа во судири со полицијата испровоцирани наводно од убиството на црномурно момче од страна на полицаец-белец.

Во истражувачката сторија на „Вашингтон пост“ се вели дека, според даночните извештаи на непрофитната фондација „Отворено општество, Сорос дал 33 милиони американски долари за само една година за поддршка на постојни групи кои ги охрабруваат активистите во Фергусон.

– Финансискиот синџир на Сорос до активистичките групи ескалираше во протести кои вообичаеното кривично дело во Мисури го претворија во 24-часовен општонароден настан.Организациите спонзорирани од Сорос помогнаа во мобилизацијата на протестите во Фергусон преку оформување граѓански коалиции, поддржани од кампања на интернет и на социјалните медиуми низ целата држава – пишува реномираниот весник.

Други групи, според „Вашингтон пост“, исто така, финансирани од Сорос, имале задача од набљудуваат и да искористат сè што е поврзано со инцидентот и да го протолкуваат како грешка на конзервативците, а потоа да развијат академски истражувања и статии кои понатаму ќе ги шират во медиумите за да не згасне приказната.

– Многуте организации финансирани од Сорос црпеа теми едни од други користејќи содржина и клучни зборови создадени од една организација и објавени на нејзиниот веб-сајт, каде што се цитираа и наведуваа колумни на таа тема и работеа да соберат што повеќе „лајкови“ и „твитови“ на друштвените мрежи, па така да доминираат во мејнстрим медиумите и на објавите на личните профили на луѓето – пишува весникот.

soros-fergie12

Автобуси полни активисти од организациите „Семјуел девит проктор конференс“ од Чикаго, од „Драг полиси алајанс“, „Мејк д роуд Њујорк“ и „Иквал џастис“ од Њујорк, „Соуџрнерс“, „Адвенсмент проџект“ и „Центер фор комјунити чејнч“ од Вашингтон, фондацијата „Гамалиел“ – сите до една делумно финансирани од Сорос – се нафрлија на Фергусон уште од август, а потоа организираа и протести и собири во градот до крајот на месецот.

– Отидов во Фергусон на мисија за солидарност и да ги поддржам младите организатори и да го афирмирам нивното водство – изјави Касандра Фредерик, одговорна за политиките на „Драг полиси алајанс“, финансирана од Сорос, за која неговата фондација издвојува 4 милиони американски долари годишно.

Касандра заминала за Фергусон во октомври и работела со Опал Томети, основач на #БлекЛајвсМетар – ознака којшто се појавува по убиството на Трејвон Мартин во Флорида и придонесуваше за промовирање на настанот во новостите на „Ди-Пи-Еј“. Томети е водач на „Блек алајанс фор џаст имигрејшн“ – организација на којашто Сорос во 2011 година ѝ додели 100 илјади американски долари, како што стои во последните даночни извештаи на фондацијата.

– Над 500 луѓе тргнавме од Бостон, Чикаго, Колумбос, Детроит, Хјустон, Лос Анџелес, Нешвил, Портланд, Таксон, Вашингтон, Винстон-Салем, Северна Каролина и други градови за да им дадеме поддршка на граѓаните од Фергусон и да помогнеме локалниот настан да прерасне во национално движење – напиша во описот на настанот Акиба Соломон, новинар од „Колорлајнс“.

„Колорлајнс“ е веб-сајт за вести кој се фокусира на расни прашања. Со него раководи „Рејс форвард“, група којашто во 2011 година добила 200 илјади долари од фондацијата „Сорос“. „Колорлајнс“ непрекинато објавува вести за активностите во Фергусон и упорно ја промовира ознаката #БлекЛајвсМетар и слични активности.

На крајот од маршот #БлекЛајвсМетар, организаторите се сретнаа со граѓански групи, како „Организејшн фор блек страгл“ и „Мисуријанс органајзинг фор риформ анд енпауермент“, за да направат стратегија за идните операции, напиша Соломон. „О-Би-Ес“ и „МОРЕ“ се, исто така, финансирани од Сорос.

Сорос дал 5,4 милиони долари за унапредување реформи во полицијата и јавна транспарентност во Фергусон и Стејтон Ајланд, објави фондацијата „Отворено општество“ на својот блог во декември. Над половина од тие средства биле за Фергусон – претежно за „О-Би-Ес“ и „МОРЕ“, изјави самата фондација.

Сорос, кој богатството го стекна со влогови против британската фунта за време на кризата на валутата во почетокот на 90-тите години, е познат поддржувач на прогресивните либерални идеи и е политички донатор на кампањите на Обама. Само во 2012 година, Сорос одвоил еден милион долари за идеите на Обама, пишува „Вашингтон пост“.

Алекс Џонс: Џорџ Сорос е жив ѓавол

Неколку дена по објавувањето на сторијата во „Вашингтон пост“, популарниот американски радиоводител Алекс Џонс во неговата емисија „Инфо ворс“ го нарече Џорџ Сорос најзлобниот човек на светот и најактивниот демон обвинувајќи го дека тој е вмешан во испланираната стапица за провоцирање судири меѓу белците и црнците со цел да се предизвика дестабилизација во државата, а потоа тие да ја преземат контролата.

Eye of Soros

-Штотуку разговаравме со полицаец од Илиноис кој рече дека 100-процентно се согласува со напишаното во „Вашингтн тајмс“ – дека Џорџ Сорос признава дека потрошил 33 милиони долари за да создаде движење за граѓански права во кое граѓаните би се судриле со полицијата. Нашироко ги критикуваме полицајците кои убија бездомник во Албакерки, а потоа славеа. Патем, против двајцата се покренати обвиненија. Жестоко ја критикуваме федерализацијата, глобализацијата, издавањето налози за претрес без предупредување во борбата против дрога. Токму јас направив четири филма за тоа, напишав и книга – за федерализацијата, за обуките, за тоа дека ќе направат политичка полиција и полиција за спроведување на законите за животна средина, за тоа како вработените во секторот за урбано планирање ќе станат полицајци. Јас се борам против сето тоа. Не се борам против поединци бидејќи тие сакаат да создадат еден систем со кој ние би се судриле, а со тоа полицијата ќе биде присилена уште поборбено да реагира и ќе биде под федерална управа, па со тоа федералните органи не би ги апселе, затворале и тужеле. Така, федералците ги испратија паричните средства од Сорос и медиумите кои Обама ги контролира, ја обвинија целата полиција, јавно ги нападнаа, ги повикаа градоначалниците и претседателот во своите изјави итн. Сето тоа му го припишаа на просечниот полицаец. Веќе кажав – обичните полицајци се свесни за новиот светски поредок, за глобализацијата, за федерализацијата, за тоа дека целта на контролата на оружјето е заради разоружување на жртвите. Тие се многу посвесени отколку широките народни маси. Така, тие станаа непријатели. Локалните самоуправи се непријатели. Глобалистите не го сакаат тоа и затоа сакаат да предизвикаат граѓански немири кои ќе прераснат во граѓанска војна, токму на начинот на кој Џорџ Сорос се фали дека направил. Лани на „Си-Ен-Ен“, во емисијата на Фарид Закарија, изјави дека самиот тој, преку неговата фондација „Отворено општество“, стои зад тоа. „Вашингтон тајмс“ ги објави цифрите. „Отворено општество“ дала 33 милиони за да го разбранува случајот со убиството на Трејвон Мартин. Го фативме Стејт департментот како тајно се обидува да предизвика нереди во Флорида. Дали тоа значи дека Зимерман е добар човек? Дека е совршен? Не! Дали е трагично? Да, е. Но, не е важно.

Најзлобниот човек на светот – Џорџ Сорос. Најактивниот демон. Тој е вмешан. Ако успеат да направат војна помеѓу бели и црни луѓе, ако можат да ја вмешаат полицијата, ќе следува целосна дестабилизација, ќе падне довербата, а потоа ќе можат да воведат нивна контрола. Токму како што направија комунистите, како во секоја тоталитарна држава. Тоа е испланирана стапица.

Aко Џорџ Сорос сака отворени граници, ние не сакаме. Ако сака да ни ги одземе пиштолите, ние нема да ги дадеме. Ако сака ограничувања на религиските слободи, ние нема да се согласиме. Ако сака да ја уништи Украина, ние не сакаме. Тој е лош човек. Секој негов потег е злобен. Сепак, јас би ја поддржал легализацијата на марихуаната, но тој, всушност, го предводи движењето и ќе го искористи за политички цели во иднина. Сака да го контролира движењето и генетски да ја модфикува марихуаната за да може да ги контролира активистичките групи да не се противат. Тоа е целата поента на финасиите кои Џорџ Сорос ги дава. А марихуаната се користи како оружје, што децата ќе ги превори во зомби. Секое либералистичко движење си има своја мрачна страна. Го поддржувам ова движење бидејќи ја поддржува основната идеја за лични слободи на поединецот, но го поддржувам и правото да се критикува употребата на марихуаната како оружје и народот да биде предупреден. Луѓе ќе умираат од неа, а таа ќе си биде легална. Таа може да биде многу корисна, но може и да биде штетна. Сите аспекти треба да се имаат предвид.

(Превод: Марија Манасиева)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top