| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Текстовите на Фуере се како писмена работа на член на Извршниот Одбор на СДСМ

antonio-milososki

Ексминистерот за надворешни работи и актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ги критикува начиот на ој поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, ги коментира актуелните политички случувања во земјава.

Поранешниот ЕУ-Амбасадор Ерван Фуере често ги коментира случувањата во Македонија. Негово право!
Но, неговите текстови се толку еднострани што изгледаат само како писмена работа на член на Извршниот Одбор на СДСМ, на тема „Како го поминав летниот распуст на Халкидики, во услови на страшен режим во Македонија”, со негов потпис. Накратко, коментарите на Ерван Фуере за состојбите во Македонија се толку “непристрасни”, колку што се непристрасни коментарите на телевизијата „Al Jazeera” за состојбите во Египет и Јемен – напипа Антонио Милошоски на неговиот фејсбук профил.

anto

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top