| четврток, 6 декември 2018 |

Локална самоуправа: Имотот на фамилијата Протогер е надвор од заштитата на блатото

opstina ohrid

Како и за сите граѓани на Република Македонија така и во овој случај  нема ништо спорно во намерите на секој граѓанин да си го оствари своето неприкосновено право на сопственост, реагираат од Локалната самоуправа на Охрид, откако денеска  на прес конференцијата на СДСМ излезе со тврдење за некакви незаконитости околу Студенчишкото блато и имотот на шефот на кабинет на премиерот, Мартин Протогер.

-Општина Охрид во реализација на било која Урбанистичко планска документација, вклучително и предметната локација која се спомнува во пресот  на СДСМ – Охрид , се раководи исклучиво  според постоечките и важечки  законски прописи и регулативи  кои произлегуваат од  законите за просторно и  урбанистичко  планирање   и законот за градба а врз основа на согласностите и мислењата добиени од сите  надлежни институции  инволвирани во процесот на носење на еден урбанистички план  – стои во реакцијата на Локалната самоуправа.

Тие додаваат дека Општината  води сметка за  општите потреби на градот  и потребите на граѓаните кои живеат во рамки на Општината, начела врз основа на кои функционира секоја Локална самоуправа.  

– За сите активности кои се предвидуваат на таа локација  во еден подолг временски период  континуирано ја известуваме  јавноста , во  постојаната комуникација со медиумите  и во ниеден момент не сме  отстапиле од искажаните или зацртаните определби и стратегии. Така и во овој момент. Во интерес на  јавноста ве информираме дека конкретната локација од имотот на пошироката фамилија  на господинот Протугер се наоѓа во зона каде и според  сѐ уште  актуелниот ГУП  и поранешната студија за заштита на Блатото донесена од минатото раководство  е  на позиција која што е надвор од зоната на строга заштита на блатото. Како и за сите граѓани на Република Македонија така и во овој случај  нема ништо спорно во намерите на секој граѓанин да си го оствари своето неприкосновено право на сопственост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top