Градежните работи на регионалниот пат од Скопје до населбата Сончев Град се во фаза на асфалтирање во должина од 4.400 метри.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Владо Мисајловски денеска на терен се запозна со текот на градежните работи.
Покрај асфалтирање се работи и на насип на патот, тампонирање, како и на санација на појавеното свлечиште во тек на градба.
Со доизградбата на овој патен правец ќе се овозможи директно поврзување на централното градско подрачје на Скопје со планираната населба Сончев Град. Парите за изградба на патот се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.