| четврток, 6 декември 2018 |

„Њет“ за обединување на Албанците и за менување граници

путин

Москва реагираше на изјавата што ја даде Еди Рама, а беше насочена кон тоа дека доколку интеграцијата на Косово и на Албанија не биде забрзана, Албанците можат да се обединат во класична смисла.

-Москва со внимание ја прими изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, кој истакна дека Албанците можат да се обединат во класична смисла, со менување на границите во регионот, доколку евроинтеграцијата на Албанија и на Косово не биде забрзана – соопштува руското МНР.

Понатаму во соопштението се наведува дека е мала можноста со повторување на паналбанска реторика да се придонесе во очекувана клима на стабилност и добрососедски односи на Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top