Каде ако не на социјалната мрежа „Твитер“? Горан Пандев, капитенот на македонската фудбалска репрезентација, преку „Твитер“ призна дека гласал за Висенте дел Боске, а не за Жозе Мурињо и јавно им се извини на сите, објави порталот МКД. Со ова заврши сагата со наводната промена на неговиот глас во изборот за најдобар тренер од страна на ФИФА.
„Да, точно е. Гласав за Дел Боске. Им се извинувам на сите. Воопшто не ми беше намерата да повредам некого“, напишал Пандев на „Твитер“.
Капитенот се извини откако порталот МКД го објави докуменот добиен од ФИФА, на кој се гледа како гласале селекторот Чеде Јаневски и Пандев во изборот за најдобар тренер за 2012 година. На документот се гледа дека Пандев дал пет бода на Дел Боске, три на Роберто Манчини и еден на Јурген Клоп, а ниту еден за Мурињо, кој ја обвини ФИФА за местење на изборот со наведување токму на македонскиот фудбалер како еден од неговите клучни сведоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.