| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Да не дозволиме Заев да ја повлече Македонија кон дното

zaev-pres-9

Гледајќи како тоне Зоран Заев да не дозволиме и Македонија да ја повлече кон дното, порача министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе.

Човек кога зборува за реалните проблеми, не може, а да не се осврне на нешто што се случува во последните неколку недели во Македонија, односно неколку месеци станаа, а тоа е виртуелниот свет кој опозицијата се обидува да го создаде со незаконски прибавени материјали кои ги комбинира, монтира и одлучува што ќе пушти и на кој начин да го презентира тоа што ним ќе им одговара – рече Јанкулоска.

Зоран Заев, како што додаде, е тој што одлучува кој дел под приватниот живот на илјадници луѓе за кои тврди дека имаат прислушувани разговори ќе го пушти и каква конотација ќе даде за кој  било сегмент од постојните монтирани разговори.

Меѓутоа, македонскиот народ е доволно мудар и паметен и не треба Зоран Заев да ни каже како работи Владата, локалните самоуправи и зошто вие сте застанале зад мнозинството на кое му верувате. Ние за жал се најдовме во една ситуација во која еден просечен политичар се обидува да го диктира темпото на политичката сцена во Македонија, притоа не е свесен дека како инструмент на странски служби всушност е само алатка која се користи за нарушување на мирот на граѓаните на Републиката – нагласи Јанкулоска.

Таа додаде дека токму на Зоран Заев очигледно не му се допаѓаат проектите, но и работата на МВР од кое се задоволни многу граѓани. Јанкулоска смета дека Зоран Заев не може да биде патриот затоа што работи за странски служби и открива доверливи податоци и не случајно според неа, опозицијата избира во центарот на објавените разговори да бидат безбедносните служби и економијата, со што би се нарушила стабилноста и кредибилитетот на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top