| четврток, 6 декември 2018 |

Вукчевиќ: Тачи може да биде уапсен ако допатува во Србија

hasim-taci-

Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ изјави дека потерницата по Хашим Тачи е сè уште во сила во Србија, па од тие причини тој може да биде уапсен доколку дојде во земјата.

– Истрагата за Тачи е во прекин бидејќи е недостапен за српските истражни органи. Централата на Интерпол го запре важењето на потерницата за Тачи во другите земји со образложение дека станува збор за највисок албански функционер. Меѓутоа, во Србија таа е во сила, така што ако овде дојде ние можеме да го уапсиме, рече Вукчевиќ за весникот „Блиц“.

Приштинскиот печат вчера објави вест дека заменик-премиерот и косовски министер за надворешни работи Хашим Тачи кон крајот на месецот ќе престојува во Белград.

Како што објави приштинска ТВ „Клан Косова“, повикувајќи се на неименувани извори, Тачи на покана на невладината организација „Амбасадори на мирот“ ќе учествува на собир на кој се поканети министрите за надворешни работи на четири балкански земји.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, по повод најаваата дека Тачи кон крајот на месецот ќе дојде во Белград, изјави дека нема потреба Тачи да доаѓа.

-Тој собир не го организира Владата на Србија, јас не ни планирав да учествувам на него, така што не верувам дека има потреба Хашим Тачи да доаѓа во Белград – рече Дачиќ. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top