Денеска во Драчево беа поставени подземни контејнери.
– Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што ќе се употребуваат три од постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“, коишто се специјално надградени за оваа намена. Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните и природната околина – истакна градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Според градоначалникот на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, ова е трета локација во општината, на која се поставуваат подземни контејнери. Таа најави дека општината работи на лоцирање други локации, на кои би можело да се постават уште вакви садови за отпад.
Директорот на јавното комунално претпријатие Дочи изјави дека во првата фаза од проектот за поставување Систем за подземни контејнери во општина Центар се поставени 14 платформи со по три подземни контејнери, а во општина Чаир се поставени две платформи со по два контејнера, за што беа потрошени вкупно 33,2 милиони денари.
– Во рамките на втората фаза од овој проект ќе бидат поставени подземни контејнери на девет микро-локации, односно по три контејнери на три-микролокации во општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба. Подземните контејнери имаат зафатнина од 3 кубни метри, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата. На тој начин се намалува и непријатната миризба што се шири од отпадот, како и можноста за негово разнесување во околината – истакна тој.
За реализација на овој значаен проект се издвоени вкупно 6,6 милиони денари, од кои секоја од трите вклучени страни издвојува по 2,2 милиони денари, односно како подеднакви инвеститори се јавуваат градските власти, општината и комуналното претпријатие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.