Во законодавната комисија на Парламентот на Индонезија денеска повторно беше покрената иницијативата за носење на закон за забрана на консумирање на алкохолни пијалоци во оваа 250 милионска држава, во која над 80 отсто од населението се муслимани.
Иницијативата е покрената откако конзервативните исламистички партии, кои имаат една третина од вкупниот број пратеници, добиле поддршка од претставниците на владејачката Демократска и две други секуларно определени партии.
Сличен закон во Индонезија беше предложен пред три години, но не наиде на поддршка ни во Парламентот ниту во јавноста.
Според предлозите, со овој закон би се вовела целосна забрана на продавање на алкохол во продавници и ресторани, а исклучок би биле само хотели со пет ѕвездички. На прекршителите на законот, ако тој се усвои, им се заканува затворскаказна од три месеци до две години.
Меѓутоа, малку кој верува дека во Индонезија ќе биде воведена прохибиција. За сузбивање на консумацијата на алкохол државата повеќе од три децении има воведено високи акцизи за вино и жестоки пијалоци, но пивото е исклучено од оваа категорија.
Количествата на произведено и увезено пиво во Индонезија укажуваат дека возрасните индонежани годишно, во просек, пијат околу 60 литри пиво. Брендот на пивото „Бинтанг’’ во Индонезија е популарен исто како Кока колата, а американската корпорација Сан Мигел во Индонезија има една од најголемите пивари во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Павлина Васкова, невропсихијатар: Зависнички од алкохол се најчесто жените интелектуалки, на високи позиции во претпријатијата
-
Откриен нелегален алкохол во фирма во Кавадарци, приведен управителот



