| четврток, 6 декември 2018 |

Полициска истрага заради „Тверкање“ во детска претстава

tverkanjeДевојчиња од руското детско училиште за танц изведе претстава со што популарното „тверкање“ го подигнаа на повисоко ниво, во комбинација со популарниот анимиран лик Вини Пу. Видеото „експлодираше“ на интернет, со милиони прегледи и полициска истрага, пренесе каналот Русија Денеска.

Истакнувањето на младешката сексуалност не е својствена за руската поп- култура, па не изненадува што кореографијата наречена „Вини Пу и пчеличките“ предизвика бура, особено што пчелките укажуваат дека целта во животот е да „Тверкаат“, а медот се наоѓа „во заднината“.


Во видеото објавено на 12 април, популарното мече се појавува на сцена со празно котле за мед, за веднаш потоа да се појават рој „пчели“ облечени во куси здолништа и да ја почнат визуелна презентација која нема допирна точка со детската приказна. Вини ја напушта сцената, и почнува фестивалот на „Тверкање“.

Всушност се работи за претстава за крај на курсот во училиштето „Кредо“ специјализирано за модерни танци во Оренбург. Но само неколкумина можеле да го предвидат влијанието, откако видеото на Јутјуб е прегледано од милиони.

Револтирани реакции стигнаа од блогери до активисти и конечно од регионалниот истражен комитет кој отвори криминална истрага со обвиненија за небрежност и недолично изложување на деца. А со над три милиони прегледи за два дена, видеото навистина обезбеди „изложување“.

-Да, постои таков танц. Не сум го виделa на интернет , но го допревме дното. Немам други коментари за сега- посочува Татјана Харченко од општинскиот центар.


Градските власти повикаа итен состанок со властите и надлежните во културата, одговорните во училиштето и родителите на децата, за да се испита целиот случај. Според училиптето, курсот за „Тверкање“ почнал кон крај на 2014 година, но е затворен во февруари.

Сега посебна комисија e свикана по наредба на градоначалникот. Претставници од уметноста и културата, кореографи и друг персонал, ќе ги контролираат сите училишта и други танцови колективи во регионот, за да се провери дали постојат изрази на малолетни еротика или било што друго кое би било несоодветно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top