| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја одбележува годишнина од раѓањето на својот основач

кореја

Северна Кореја денеска го прославува раѓањето на нејзиниот основач Ким Ил-сунг, меѓудругото со посета на неговиот внук и актуелен лидер Ким Џонг-ун на мавзолејот во кој се наоѓаат посмртните останки на неговиот дедо.

Ким Џонг-ун во придружба на припадниците на војската пристигна во палатата Сонцето на Кумсусан, каде се наоѓа телото на основачот на единствената комунистичка династија во историјата.

Телото на Ким Џонг-ил, таткото на младиот лидер, кого тој го замени по неговата смрт во декември 2011 година исто така се наоѓа во палатата.

Датумите на раѓањето и смртта на Ким Ил-сунг и Ким Џонг-ил се големи празници во Северна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top