Во судската постапка за „Пуч“ треба да се изречат најстроги казни – истакна аналитичарот Александар Пандов. Тој смета дека треба да се вметне одредба и во кривичниот закон, за да се демотивира секој оној кој во иднина ќе помисли да направи ваков упад.
– Ние сме нападнати. Македонија реално е под напад од странска служба која направила се за да ја дестабилизира нашата држава. Во земјава тие кои стојат позади целава оваа работа час поскоро да завршат во затвор. Верувам дека тоа за месец дена ќе заврши, рече Пандов.
Тој истакна дека целата работа очекува да заврши многу брзо, обвинетите да завршат во затвор, а опозицијата да се врати во Собрание откако Заев и Шекеринска ќе бидат заменети од СДСМ.
–На луѓето им е дојдено преку глава. Два ипол месеци Заев ја силува македонската јавност. Што му е идејата на Заев? Гледа дека ова не му поминува кај народот, не поминува ниту во неговата партија Прво, второ, трето и петтосомничениот во „Пуч“ се во притвор, шестоосомничениот е во затвор. Само четвртоосомничениот Заев шета на слобода со одземен пасош во име на демократијата. Со судската постапка, верувам дека за помалку од еден месец, целата работа ќе биде завршена, рече Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст