– Очекувам изборите да поминат во најдобар ред како што доликува и секој граѓанин да го искористи своето демократско и уставно право да го даде својот глас за тој што смета дека најмногу може да направи за неговата средина. Од понудата што беше во кампањата граѓаните ќе се определат слободно кому ќе го дадат својот глас. Меѓутоа, повикувам, како и досега сите избори што сме ги имале, и овие да поминат во најдобар ред, пред сѐ, затоа што секаде нѐ следат и гледаат како се одвиваат овие изборни циклуси. Не доликува после 21 година во демократија повторно да правиме некои работи што сме ги имале во минатото. Затоа повикувам до сите чинители, до сите учесници на локалните избори да придонесат изборите да поминат во најдобар ред, а тие што ќе се обидат да го попречат изборниот процес треба најстрого да се санкционираат – повика Иванов од Дојран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.