Љубовта не тера да правиме работи кои во принцип не се својствени за нас.
Понекогаш тие се прекрасни и чинат да се развие нешто ново во самата индивидуа, а друг пат, носиме толку лоши одлуки што ја уништуваат вистинската смисла на една врска.
Денеска ќе се насочиме кон нив.
1. Трошење богатство за подароци
Во денешно време многу момчиња мислат дека една жена се придобива со скапи подароци – колку повеќе, толку поголема е шансата да се врзе. Не можеме да одречеме дека постојат вакви девојки, но неопходно е самите мажи да ги постават границите. Доколку сакате да пронајдете девојка што ќе ве почитува поради вас, излезете од оваа шема и вдахнете му поинаков шарм на вашиот однос, втемелен на доверба и пријателство.
Покрај тоа, како да почитуваш некого кој се обидува да купи љубов со неколку предмети.
2. Почнуваш да личиш на партнерот
Губење на идентитетот. Вие започнувате сосема да се изразувате како вашиот партнер. Одеднаш и вам ви се допаѓа истата музика, ве интересира неговиот свет, неговите книги, неговиот стил … Одлично е да ги разбирате взаемните интереси, да се надградувате и да стекнувате нови, но внимавајте бидејќи и овде постои граница. Никој не сака да биде со личност која нема свои потреби и знаења, што може да ги сподели, макар и другата страна да не се согласува.
3. Тетовирање
Колку и да изгледа стабилно, никогаш не може да се знае со сигурност дека вашата врска е доживотна. Смртно ќе се каете доколку на вашето тело го имате истетовирано името на поранешниот партнер, а да не ни зборуваме за тоа дека од аспект на тетовирање, секогаш можете да се одлучите за нешто покреативно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.