Патниците стравот од летање со авион најчесто го лечат со слушање музика или гледање видео. Според истражувањето на германскиот ГФК институт, 42 отсто од патниците на овој начин го „убива“ стравот за време на летот.
На второ место (30 отсто), е разговор со други патници.
Секој седми патник пие седативи или доаѓа многу рано на аеродром за да се подготви за патување. Околу седум отсто од анкетираните патници веруваат дека ги „чува среќа“, а шест отсто пијат доволно алкохол за летот да им мине мирно.
Во истражувањето биле опфатени 536 жени и мажи постари од 14 години кои имаат страв од летање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.