За време на велигденските празници, во периодот 12/13 април, во кочанското село Бели, во црквата „Свети Спас“ непознат сторител извршил тешка кражба.
Како што денеска соопшти МВР, непознатиот сторител со употреба на подесен алат насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел околу 1.500 денари и го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.