| четврток, 6 декември 2018 |

Тмурното време кратко ќе трае, од утре попладне брзо разведрување

Proletni fotografii (9)

Временските услови оваа недела нема да бидат „лоши“. Малку пониска температура во однос на „жешкиот“ викенд се очекува во вторник и среда, но, според Метеопро, потоа претстои период на затоплување.

Среда почнува со умерена облачност, но потоа следува брзо разведрување. Дневниот температурен максимум генерално ќе биде во границата од 13°С до 18°С.

Ведро и сончево време се очекува и в четврток. Во текот на денот се очекува „температурен скок“ во однос на среда. Максималната темература ќе има вредност во дијапазонот меѓу 19°С и 23°С долж Повардарието, а низ останатите котлини таа ќе се „движи“ околу 18°С.

Петок ќе биде уште потопол. Максималната температура во однос на четврток ќе биде за околу 2-3 степени повисока. Сабота ќе има слична температура на таа од петок. Кон крајот на денот се очекува наоблачување со услови за врнежи во северната половина од Земјата.

Во недела се очекува продор на студена воздушна маса која ќе донесе осетен пад на температурата, како и повремени врнежи низ земјава.

Подетална прогноза на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top