Многу едноставна комбинација од сина буква „Х“ и црвена стрелка, тоа е логото на Хилари Клинтон за претседателските избори во САД.
Не е познато кој го дизајнирал логото, но тоа предивика многубројни реакции на социјалните мрежи.
Од коментарите и статусите на интернет може да се види дека некои луѓе забележале одредени сличности со сообраќајниот знак за болница и логото на „ФедЕкс“, а дури и го поврзале со логото на унгарската фашистичка партија за време на Втората светска војна.
„Викиликс“ објавил сопствено лого на „Твитер“, кое, исто така, има црвена стрелка, укажувајќи на сличноста со новото лого на Хилари Клинтон.
-Хилари Клинтон го украла нашиот иновативен дизајн – објавиле од „Викиликс“.
– Ве натера вас, новинарите да пишувате за нејзиното лого наместо за нејзините костими и фризури – напишала Линда Фаулер, професорка по политикологија на колеџот „Дартмут“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст