| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон против нееднаквоста во платите

hilari klintonХилари Клинтон, изложена на притисок од левото крило во Демократската партија да води агресивна кампања против нееднаквоста на приходите, вчера изрази загрижување од големите плати, добиени од некои извршни директори, пренесоа агенциите.

Клинтон, која се подготвува за учество на претседателските избори во 2016 година, изјавила дека семејствата во САД се уште се соочуваат со финансиски тешкотии. Во исто време просечната плата на некои извршни директори е околу 300 пати повеќе отколку просечниот работник, истакна таа.

Забелешката на Клинтон, напишана во електронско писмо до нејзините поддржувачи, беше неочекувана барем за прогресивните гласачи. Тие сметаат дека ваквите изјави се знак дека Хилари може да отстапи од центристичката политика кон која се придржува нејзиниот сопруг Бил Клинтон за време на својот претседателски мандат.

Разликите во приходите во САД драстично се зголемија во последните децении, забележуваат агенциите. Во 1965 година, просечната плата на извршен директор е за 20 пати повеќе од просечниот работник. Во 2013 година директорите добиваат околу 300 пати поголема плата од работникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top