| четврток, 6 декември 2018 |

Рубио ја почна својата кампања за претседател на САД

Американскиот сенатор од републиканците, Марко Рубио, ја почна вчера својата претседателска кампања на митинг во Мајами, повикувајќи на нова ера во американското водство.

Конзервативниот 43-годишен сенатор, син на сиромашен имигрант од Куба, ги означи претседателските избори следната година како „генерациски избор“, што некои аналитичари го означија како јасен удар на постарите конкуренти, кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон и потенцијалниот противник од Републиканската партија, Џеб Буш.

– Слушнав дека некои велат дека треба да се тргнам настрана и да го чекам својот ред, но јас тоа не можам да го сторам, бидејќи верувам во нашиот силен идентитет на исклучителен народ и оти морам да бидам поинаков претседател, рече Рубио.

Тој смета дека Американците имаат можност да го добијат „авторот на најголемото поглавје во неверојатната приказна за Америка“.

– Тоа не можеме да го сториме со тоа што ќе им се вратиме назад на лидерите и идеите од минатото. Мораме да ги смениме одлуките, со промена на луѓето, кои ги носат, нагласи Руби, додавајќи дека дошло време „нашата генерација да не поведе по патот на новата американска ера“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top