– Министрите за надворешни работи на земјите од „Норманската четворка“ ги повикаа страните во украинскиот конфликт на целосен прекин на огнот и на повлекување на сето тешко вооружување од зоната на борбени дејствија, се наведува во заедничкото соопштение на четвориката по средбата во Берлин, цитирано од светските агенции.
„Изразуваме загриженост од последните судири во текот на викендот, вклучувајќи ја и употребата на тешки орудија во регионот на Широкине и аеродромот во Доњецк“, се подвлекува во документот, цитиран од ТАСС.
„Ги повикуваме сите страни да ги прекинат судирите и да покажат подготвеност за целосно почитување на прекинот на огнот и повлекување на тешките орудија“.
Министрите повикаа и на повлекување на тешките орудија со калибар под 100 милиметри, како и на сите видови тенкови.
Тристраната контакт група и специјалната мониторинг мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа треба да го усогласат распоредот за оваа цел.
„Бараме силна поддршка за напорите на мисијата на ОБСЕ за утврдување на нашето постојано присуство во регионите, што имаат потреба од мониторинг за деескалација на ситуацијата“, се вели во соопштението.
Шефовите на дипломатите повикуваат и на создавање работни подгрупи на Контакт групата, се наведува во соопштението.
Заменик министрите за надворешни работи ќе продолжат со набљудување на исполнувањето на спогодбата од Минск, како и на брзиот почеток на работата на подгрупите. Тие ќе се занимаваат со политичкиот процес, хуманитарните прашања, економските прашања и амнестијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст