| четврток, 6 декември 2018 |

Карван за промоција на проектот „Купи куќа, купи стан“

купи куќа

Во организација на Министерството за финансии од четврток стартува карван за промоција на проектот „Купи куќа, купи стан“. Целта на карванот е да ги презентира пред граѓаните можностите и поволностите од проектот со субвенција од Владата да се обезбеди сопствен дом.

Претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании ќе имаат презентации во девет града според концептот „сите информации за проектот на исто место“.

Првата презентација е в четврток (16 април), во општината во Охрид со почеток во 17:30 часот и продолжува секој нареден четврток во друг град. Тимовите за презентација на проектот на 23 април ќе бидат во Битола, на 30 април во Прилеп, на 7 мај во Гевгелија, 14 мај во Струмица, 28 мај во Тетово и на 4 јуни во Велес и во Куманово.

Карванот низ поголемите градови, како што наведуваат од Министерството, е поради големиот интерес кај граѓаните за проектот и со оглед на тоа што една третина од одобрените барања се од внатрешноста на државата. 

Министерството за финансии минатата недела го додели 500-тото решение од проектот „Купи куќа, купи стан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top