| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Со инвестиции против имиграцијата

johanes hanЕврокомесарот Јоханес Хан од Шпанија порача дека најдобар начин за стабилизирање на состојбата во Северна Африка и стопирање на бранот на бегалци е зголемување на инвестициите и отворање на нови работни места.

-Заеднички интерес е да ги зајакнеме економските врски и да привлечеме инвеститори- посочи Хан по неформалниот министерски состанок меѓу шефовите на дипломатиите на ЕУ и осум држави од јужниот Медитеран.

Комесарот потсети дека заради судирите во Сирија, Ирак и државите од северот на Африка 16 милиони луѓе живеат како бегалци и внатрешно раселени лица.

-На тие луѓе мира да им се даде перспектива, а и да се помогне на нивните домаќини- додаде Хан.

Министрите од ЕУ ги повикаа колегите од Египет, Алжир, Либан, Јордан, Мароко, Тунис, Израел и Палестина. Претставници од сирија не се повикани на собирот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top