Сообраќајот на сите патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ. На граничните премини за влез во Република Македонија има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања. И за излез од државата нема подолги задржувања.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.