| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини: Заедно во борбата против тероризмот

mogerini i euФедерика Могерини побара денеска поинтензивна соработка на Унијата и севрноафриканските медитерански држави во сузбивање на тероризмот и екстремизмот.

– Неодамнешните терористички напади во Париз и Тулуз како и вчерашниот напад врз мароканската Амбасада во Либија покажуваат дека мора да ја засилиме соработката, изјави Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност на заеднички состанок на шефови на дипломатии на ЕУ со министри за надворешни работи на држави од Медитеранот.

Таа додаде дека и ЕУ и нејзините јужни соседи се соочуваат со нестабилна безбедносна ситуација кои „извираат“ од оружените судири во Сирија и Либија и предивикале радикализација на дел од младите и за пораст на терористичките активности. На состанокот присустуваа освен претставници од Унијата и министри од Египет, Алжир, Либан, Јордан, Мароко, Израел и палестинските територии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top