Нема прејадени после долгите пости за Велигден на Токсикологија. Во изјава за Здравство24 директорот на Клиниката д-р Нестор Поповски вели дека ваква мирна состојба без прејадени пациенти на токсикологија не памети повеќе од 27 години колку што работи на Клиниката.
-Ваква мирна состојба без прејадени и препиени не паметам дека сме имале 27-28 години колку што сум тука. Примен е само еден пациент машка особа која малку повеќе се поднапила, но и тој сега е добро. Поголем број на пациенти можно е да имаме во текот на вецерта или утре бидејќи денеска граѓаните се собираат на семеен ручек и одат на гости кај блиски роднини и пријатели, па можно е малку да се опуштат- вели д-р Поповски, директор на Клиниката за токсикологија.
Д-р Поповски советува умерено да се јаде и денеска и утре и граѓаните да не претеруваат со мрсната храна и јајцата за да немаат проблеми со желудникот, жолчката и панкреасот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.