Денеска е втор ден Велигден, празничен неработен понеделник во Македонија, а веќе се погледнува во календарот за следните неработни денови поради државни или верски празници. А тие следуваат веќе на почетокот на мај.
Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија е Денот на трудот, 1 Мај, кој годинава се паѓа во петок, што значи уште еден продолжен викенд.
Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители е во недела, неработен ќе биде и 25 мај (понеделник), што значи уште еден подолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија. По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај кога е Духовден, петок пред Духовден.
И Власите имаат уште еден неработен ден во мај – 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.