| четврток, 6 декември 2018 |

На ред во Собранието се новите антикорупционери

собраниеПратениците во Собранието на Република Македонија утре се очекува да го избере новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата. Во списокот нема петмина членови кои во антикорупциска поминаа неколку мандати. Само двајца членови ги задржуваат своите позиции, Сејди Халили и Фарије Алиу.

Нови предложени членови на Комисијата се адвокатите Горан Миленков и Најдо Спасевски, потоа правниците Сузана Таскова Аџикотарева и Жаклина Данчевска, како и дипломираниот економист Игор Тантуровски.

Во предложениот нов состав на комисијата ги нема актуелниот претседател Ѓорѓи Сламков, Мирјана Димовска, Љубинка Корабоска, Љубинка Муратовска Маркова и Зоран Додевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top