| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ја укина забраната за испорака на С-300

Рускиот претседател Владимир Путин ја укина забраната за испорака на противвоздушни ракетни системи С-300 за Иран воведена во 2010 година.

Путин потпишал указ со кој се укинува забрната за транзит на руска територија вклучително и воздушниот сообраќај, транспорт од руска територија кон Иран како и предавање на Иран системи С-300 вон Русија.

Указот веднаш стапил на сила. Со указот се внесени измени на документ од 22 септември 2010 година за мерки за имплементација на Резолуција на СБ на ОН од јуни таа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top