| четврток, 6 декември 2018 |

Нестабилното време носи и проблеми со здравјето

Временските температури имаат влијание како на нашето расположение, така и на функционирањето на целиот наш организам, а кај многумина и здравјето е директно поврзано со атмосферските промени.

Метеопатите при промената на времето најчесто страдаат од:

Главоболка

Болката во главата често се јавува при наглото паѓање на надворешната температура, зголемената влажност на воздухот и нискиот притисок. Ветерот може посебно да предизвика воспаление на синусите кое предизвикува болка. Прогнозата не можете да ја промените, но можете да спречите да се чувствувате лошо.

За почеток би било најдобро да ги запишувате симптомите кои ги чуствувате и какво било времето тој ден. Така најлесно ќе сфатите што ви предизвикува главоболка. Кога ќе сфатите што се’ влијае на вас, ќе можете да ги испланирате вашите дневни активности или доколку е неопходно, да го конзумирате својот лек на време.

Срце и бели дробови

Времето знае да влијае и на работата на срцето и белите дробови. Многу е важен квалитетот на воздухот кој го дишеме. Всушност, затоа во изминатите години се мери концентрацијата на маглата и другите елементи во воздухот. Загадениот воздух може да предизвика воспаление на белите дробови, но и засилени симптоми на гушење кај оние кои се мачат со бронхитис и астма.

Исто така, кога е „тешко“ времето, тешко им е и на оние со срцеви проблеми. Ова особено ги погодува луѓето кај кои се јавува тапа болка во пределот на градите, односно „ангина пекторис“, а наглите промени можат да влијаат на пулсот и на крвниот притисок. Важно е да го знаете ова за да можете во согласност со вашиот лекар да ги зголемувате или намалувате дозите на лекарствата во согласност со временските услови.

Коски

Секој кој некогаш во животот имал фрактура на некој екстремитет, знае дека пред да врне дожд или дојде до промена на времето на полошо, му се јавува болка во коските.

Исто така, луѓето кои патат од артритис или ревма, тешко ги поднесуваат влажните и ладните месеци бидејќи нивните болни симптоми по правило им се влошуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top