| четврток, 6 декември 2018 |

Еден новинар убиен, а шест борци ранети во гранатирање на украински Донецк

Image (1)Еден новинар е убиен, а шест припадници на проруските милиции се ранети во огнот отворен во близина на Донецк, соопштија властите на самопрогласената ткн Донецка народна република во источна Украина, во најновиот инцидент во кој меѓусебно се обвинуваат со прозападните власти во Киев за прекршување на примирјето договорено на 12-ти февруари во белоруската престолнина Минск, од челниците на Украина, Русија, Франција и Германија.

„Во текот на ноќва украинската страна се обиде да ги потисне нашите единици кои се распоредени на границата (линијата на раздвојување –з.м.), којашто е договорена со Минскиот договор. Нашите сили го одбија непријателот на неговите граници. Единицата ‘Исток’, колку што разбрав, донела одлука таму да спроведе новинари. Јас таква команда не дадов“, изјавил за руските медиуми министерот за одбрана на самопрогласената „република“ во Донецк, Владимир Кононов.

Претходно властите во Донецк известија дека загинале двајца новинари откако нивното возило било погодено од противтенковска ракета. Меѓутоа, извор од рускојазичните сили за агенцијата РИА изјавил дека во гранатирањето на возило со двајца новинари, во областа на меѓународниот аеродром крај Донецк загинало едно лице, а второто го преживеало нападот.

За аеродромот крај Донецк кој е целосно разрушен се водена жестоки борби од април 2014 година кога го заземаа силите лојални на прозападните власти во Киев. Пред два месеца тие се одбиени, на неколку десетици километри од Донецк, а бунтовниците во неделата повторно ги обвинија дека отвориле артилериски и тенковски оган врз станбени населби.

Во нападот во кој загинел локален репортер а неговиот колега е ранет, ранети се уште шест борци на рускојазичните сили, од кои четворица се во тешка состојба. Врз нив било гаѓано од антитенковско оружје, додал Кононов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top