| четврток, 6 декември 2018 |

Дали треба да се консумираат маснотии?

Diet. Dieting concept. Healthy Food. Beautiful Young Woman choos

Полномасното сирење и млечните производи (особено путерот) се забранети продукти во сите диети. Но се запрашавме дали храната богата со маснотии сепак може позитивно да влијае врз нашата кожа, па дури и да ги „избрише” годините од лицето…

Колку пати при избор на храна во ресторан, или дома, сте се соочиле со дилемата: да изедете вкусна лазања или само салата? Во најголема мера, ваквото размислување е последица од владејачкиот тренд во 90-тите, кога се пропагираше исхрана со минимално количество маснотии, а маслото и путерот беа едноставно протерани од нашиот живот. Овој тренд продолжува и денес, а корисните маснотии се спомнуваат само како некои неразбирливи зборови – мононезаситени и полинезаситени масти. Само производи од обрано млеко се пожелни во секојдневната исхрана. ОК, сето ова е корисно за одржување на витата става. Меѓутоа што ако повеќегодишната исхрана со мала застапеност на масти влијае лошо врз нашата коса, кожа и нокти? Истражувањата покажаа дека постои реална основа за оваа загриженост. Маслата и мастите се од витално значење за правилна функција на кожата, сметаат дерматолозите и нутриционистите. Доколку се исфрлат од исхраната, на организмот му се ускратуваат витамини и есенцијални масни киселини, кои се од витално значење за убав изглед на кожата. Во спротивно, може да дојде до нејзино прерано стареење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top