По некое бело влакно и одвај забележливите мали брчки околу очите не се единствените показатели на големиот број прославени родендени. Млади сте онолку колку што се чувствувате, но и колку што сите делови на вашето тело покажуваат. Ви помагаме да ги спречите, да ги намалите, па дури и да ги елиминирате ефектите на времето, стресот и на сите негативни влијанија од надворешната средина врз вашето тело.
Честите осцилации на телесната маса предизвикуваат побрзо стареење на телото отколку на лицето. Кожата ја губи својата еластичност со текот на годините, но честото истегнување и собирање придонесува до уште побрзо опуштање. Оперативното отстранување на вишокот кожа од стомакот и нејзино затегнување е директно решение на овој проблем. Но оперативното отстранување на вишокот од бутовите е многу посложен зафат и се спроведува само во случај на голема загуба на телесна маса кај многу дебели лица.
ПРОФЕСИОНАЛНА ПОМОШ: доколку не е возможна хируршка интервенција, постојат уште две можности. Станува збор за редукција на салото со помош на екстремна топлина (liposonix) и студ (zeltiq) во делот на стомакот и задникот. Резултатите се доста дискретни, што може да биде разочарувачки. За отстранување на целулитот од задникот и од бутовите постои нов тип ласер (cellulase laser), чии зраци продираат низ кожата и ги разбиваат фиброзните ленти помеѓу кои се задржуваат насобраните маснотии, па се создава изглед на портокалова кожа.
ПОМОШ ВО ДОМОТ: со масажа и со оптимално хидрирање на кожата може да се камуфлира целулитот и да се создаде впечаток на поцврста кожа, но само привремено. Иако повеќето од нас не сакаат да го слушнат ова, најефикасно решение за овој проблем се правилна исхрана и редовна физичка активност, со кои сигурно се ослободуваме од вишокот и спречуваме отпуштање на кожата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст