| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: ЕУ не знае ниту што со себе, ниту со Србија

ivica dacicЕУ ниту самата не е сигурна што ќе се случува со неа, ниту што да прави со нас, рече денеска српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ. Еу според него треба јасно да посочи што сака од Србија и дека во таа негова изјава треба да се толкува  дали и кога Србија би го признала Косово, ЕУ нема да поставува нови услови

-МИслам дека оддамна на сите им е јасно дека јас не сум од оние политичари кои зборат „напамет“, ниту сум од оние чии што реакции се панични или хистерични. Со други зборови, кога ќе кажам нешто, знам и зошто и што зборам. Така е и со оваа изјава. Таа претставува реакција, не моја лично, туку на Србија како држава на фактот дека со години сме изложени на различни услови и најави. Таа јасно порачува дека ни е доста од тоа. Таа вели: повелете господа, отворено кажете што сакате од србија, за да може и ние исто така отворено да кажеме дали тоа што се бара од нас сакаме да го сториме или не. вака, ние сме во ситуација да прифаќаме или одбиваме нешто што никој од нас тоа не го барал. Тоа за нас, од друга страна не значи ништо друго туку знак дека може да ни се сллучи дури и тоа што го реков. ние да „полетаме“ да го признаеме Косово, убедени дека тоа е услов, за потоа некој да ни рече: извинете, ама услов беше нешто друго- вели Дачиќ.

На новинарско прашање дали тоа значи дека ЕУ не ја сака Србија, Дачиќ одрекува.

-Тоа значи дека ЕУ ниту самата не зане ниту што со неа ниту што со нас. И кога се размислува за тоа, мора да се има предвид се со што ЕУ денеска е соочена. криза, грција, Украина, Блискиот исток со своите рефлексии во Европа, па односот меѓу големите и малите во ЕУ. Кога е го видите тоа, подобро го разбирате и тоа што ЕУ на некој начин бега од се што и заликува на потенцијален проблем. Затоа се и приказните за услови се тука, како и да се пласирани- за да одложи решавањето на евентуалниот проблем. И ние тоа го разбораме, но наша работа е да искажеме јасен став по тоа прашање и истовремено по тоа прашање да сториме се Србија да стане сериозна. уредена и економски стабилна држава, на која никој повеќе нема да гледа како на потенцијален проблем, туку како на посакуван партнер- додава Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија смета и дека нема да има поголеми проблеми од оние кои Србија веќе ги има заради учеството на руската парада за 9 мај во Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top