Угледниот професор Ендру Вилсон од Универзитетот во Оксфорд, кој е водечко име во областа на римската археологија, од 12 до 18 април ќе престојува во Скопје, каде што ќе одржи предавања на Филозофскиот факултет.
Првото предавање со наслов „The Archaeology of Economic Institutions“ ќе биде на 14 април (вторник), од 12 часот, во салата за седници при Филозофскиот факултет, а второто излагање со наслов „Before the Pin Factory. Division of Labour and Mass Production in the Roman Economy“ ќе се случи на 16 април (четврток) од 12 часот на исто место.
Покрај наведените предавања, кои се резултат на соработката меѓу Филозофскиот факултет во Скопје со Универзитетот во Оксфорд, професорот Вилсон ќе одржи уште едно предавање на 17 април (петок) во Археолошкиот музеј на Македонија заедно со професорката Драгана Младеновиќ од Универзитетот во Единбург и Ине Џејкобс од Оксфорд. Темата е „Before the Pin Factory. Division of Labour and Mass Production in the Roman Economy“. Предавањата на Ендру Вилсон се овозможени со поддршка на фондацијата „Кирил Трајковски“ од Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.