Руските режисери Никита Михалков и Андреј Кончаловски ќе отворат ланец на ресторани со „патриотска“ брза храна, кој ќе биде конкуренција на американскиот Мекдоналдс. Во тој потфат имаат целосна поддршка на претседателот Владимир Путин.
Руските медиуми пишуваат дека режисерите добиле 12,9 милиони евра (700 милиони рубљи) кредит, којшто им го одобрил Путин. Новиот ланец на ресторани ќе се вика „Да јадеме дома“. Тоа е име на кулинарска телевизиска емисија, која ја води сопругата на Кончаловски.
Режисерите ветуваат дека храната ќе биде здрава и евтина, а 50 отсто од состојките ќе бидат од локално производство.
Во писмото упатено до Путин двајцата режисери навеле дека сакаат да создадат „алтернатива на рестораните за брза храна на Западот“, поради што бараат помош од руската влада, земајќи го во предвид социо-политичкиот карактер на проектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.