Амбасадата на Јужна Кореја во Либија, која се наоѓа во центрачниот дел на Триполи, била нападната од борци на џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Во нападот се убиени двајца припадници на обезбедувањето, а еден е повреден, објавија јужнокорејските медиуми.
Напаѓачите пукале врз дипломатското претставништво од автомобил во движење, истакна претставник од јужнокорејското Министерство за надворешни работи, потврдувајќи дека жртвите се Либијци.
Тој додаде дека тројцата вработени во Амбасадата не се повредени.
Шефот на службата за дипломатска безбедност при либиското Министерство за внатрешни работи. Мабрук Абу Захер истакна дека денешниот напад не бил насочен кон дипломатската мисија, туку кон либиските обезбедувачи.
Либиски исламисти, кои се заколнале на верност кон ИД, оваа година извршија неколку напади во кои се се инволвирани странци, меѓу кои нападот врз луксузниот хотел „Триполи“ и обезглавувањето на 21 египетски Копти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.