| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон денeска ја објавува кандидатурата за претседател на САД

hilari klinton

Хилари Клинтон се очекува денеска да ја објави кандидатурата за претседател на Соединетите американски држави.

Американските медиуми тврдат дека Хилари во недела ќе ја објави кандидатурата за изборите коишто ќе одржат идната година. Извори блиски до поранешната прва дама на Америка информираат дека Клинтон ќе ја објави кандидатурата преку видео кое ќе го пласира преку социјалните медиуми.

Таа ќе биде кандидатка на Демократската партија, а следната недела ќе отпатува во Њу Хемшир, Ајова од каде и неофицијално ќе ја почне изборната трка.
Портпаролот на Хилари Клинтон сѐ уште не ги коментирал овие информации, а доколку Американците ја изберат таа ќе биде првата жена претседател во историјата на САД.
Нејзиниот сопруг Бил Клинтон беше претседател во два мандата од 1993 до 2001 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top