| четврток, 6 декември 2018 |

Неда Украден: Стравував дека ќе ме убијат

Пејачката Неда Украден признала дека се плашела дека некој ќе ја убие.

Откако почнала војната во поранешна Југославија, Неда се чувствувала непожелна и во Белград и во Сараево и повеќе не знаела каде е нејзиниот дом.

Неда е родена во Далмација, кариерата ја почнала во Босна, а како што вели, во Загреб ги остварила најголемите успеси, а денеска живее во Белград.

Сепак, таа вели дека во животот воопшто не и било лесно, особено откако почнала војната во поранешна Југославија. Во Сараево оставила два стана, 4 деловни простори и кафуле.

Пејачката во интервју за „Информер“ вели дека смета дека колешките кои цел живот сакале да бидат како неа и двајца колеги дури и сакале да ја тепаат.

– Не ги оправдува тоа што беа надрогирани и пијани. Стравував за својот живот, се плашев дека ќе ме убијат, особено после палењето на мојот локал во 1999 година. Ми ја запалија и куќата и ми украдоа два автомобили, но овде сепак ми е нанесена многу повеќе штета, отколку за време на војната.

Таа додала и дека била подготвена да се откаже од себе си и државјанството и Србија само поради злосторствата кои и се случиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top