Белградскиот весник „Блиц“ денеска објави т.н. Ценовник на корупцијата во кој се посочени цени со кои може да се купи диплома, дозвола за градба, да се избегне казна и слично.
Според ценовникот, за 300 евра може да се премине во повисок клас во училиште, за 3.000 евра – докторска титула, а ако скате дозвола за градба таа ќе ја добиете за илјада евра.
Ако родилка сака да добие посебна грижа во болницата, треба да плати илјада евра поткуп.
Весникот додава дека цените се изразени во евра – „валута што е многу распространета во државата“.
Ценовникот е објавен една недела откако директор на белградска болница беше уапсен бидејќи побарал 500 евра од пациент за да го помести понапред на списокот на луѓе кои чекаат операција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.