Луѓето на Фејсбук ги гледаат само најубавите моменти од туѓите животи, па поради тоа им се чини дека нивниот е лош. Читањето на туѓите среќни моменти на Фејсбук може да доведе до депресија, покажале истражувањата на научниците од Универзитетот во Хјустон.
Додека на некои луѓе нема да им биде ништо од користењето на Фејсбук, некои ќе станат опседнати со тоа колку нивниот живот (наизглед) е полош од животите на другите, па ќе паднат во депресија. Проблемот е во тоа што корисниците на Фејсбук на таа социјална мрежа ги гледаат само најдобрите моменти од туѓите животи, па поради тоа им се чини дека нивниот живот е полош.
Тоа не значи дека Фејсбук предизвикува депресија, туку дека постои поврзаност помеѓу депресивност и премногу време поминато на оваа социјална мрежа. Напоменато е дека Фејсбук може да биде опасен за луѓето кои веќе имаат емоционални потешкотии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.