По одбивањето на КК Куманово да излезе на мегдан со Карпош Соколи 2000 по што го загуби натпреварот со службен резултат 20-0, сега и најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, Работнички повикувајќи се на законот за спорт во кој децидно стои дека во најсилното по квалитет натпреваривање во Македонија може да играат само клубови кои веќе се трансофрмирани во акционерски друштва или пак ја отпочнале постапката, соопшти го смета смета самото закажување на мечот од страна на Натпреварувачката комисија за нелегитимно, па најтрофејниот македонски кошаркарски колектив е цврст на ставот дека нема намера да излезе на терен на утрешниот дуел.
Во продолжение сопштението на КК Работнички ви го пренесуваме во целост.
– Почитувани,
На ден 10.04.2015 година КК Работнички АД Скопје достави Соопштение до Кошаркашката федерација на РМ дека КК Работнички нема да го одигра веќе закажаниот натпревар на ден 11.04.2015 година против КК Карпош Соколи 2000 од Скопје. Ја известуваме јавноста дека во изминатиот период беа донесени повеќе дискутабилни одлуки под сомнителни околности од страна на Кошаркашката федерација на РМ и за нас неразбирливи основи, меѓу кои и прифаќањето на КК Карпош Соколи да биде дел од највисокиот степен на натпревари на национално ниво.
Како последица на противзаконската одлука КК Карпош Соколи да биде прифатен во највисоката лига, закажан е натпревар помеѓу КК Работнички АД Скопје против КК Карпош Соколи на сосема нелегитимен начин и покрај тоа што нелегитимното вклучување на овој клуб во највисоката лига е констатиран и со Одлука за несообразност на КК Карпош Соколи 2000 од Скопје со Законот за спорт, истата донесена од страна на Претседателот на МКФ на ден 30.03.2015 година.
Од таа причина, како и врз основа на нејасните околности, Ве известуваме дека КК Работнички под ниедни околности нема да се согласи да постапува спротивно на позитивните законски прописи, со што ставот на КК Работнички е дека нема да го одигра веќе закажаниот натпревар на ден 11.04.2015 година против КК Карпош Соколи 2000 истиот закажан со почеток од 18 часот.
Со почит и среќни Велигденски празници,
КК Работнички АД Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓани преку Фејсбук повикуваат на бојкотирање на наставата во училиштата поради загадениот воздух
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Владата во изминатава година и половина не покажа ништо друго освен криминал
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски го повикува на референдум народот што го нарекуваше стока