Свети Никодин Тисмански Прилепски икона која долго се чувала во олтарот во прилепскиот храм Свето Благовештение деновиве пред големиот христијански празник воскресението на Исус Христос, почнала да мироточи, објави Канал 5 телевизија.
Ова го забележале свештениците кои служат во црквата. Иконата е пренесена од олтарот во централниот ден на храмот.
Свештенството тврди дека иконата мироточи одамна но капките биле мали а деновиве се зголемуваат. Верниците од Прилеп и други градови во земјава одат да го видат новото чудо и да се помолат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


